Нашата компанија нуди конструкција и производство на алати за бризгање на пластични, алуминиумски и делови од замак со најголем степен на прецизност. Исто така, изработуваме и алати/калапи за дување на PET пластика.
Обработката на алатите се врши со најнови и технолошки најнапредни машини кои можат да одговорат и на најспецифичните барања од страна на нашите клиенти.
Исто така им нудиме на нашите клиенти размена на информации преку стандардните интерфејси (IGES, VDA, DXF, STEP), постојана комуникација преку емаил, како и on-line видео конференциска линија преку најпознатиот софтвер за таа намена WEBEX.
Во рамките на конструкција и производство на алати/калапи нудиме можност за изработка на пробни алати или прототипи. Предноста во развојот на методата на прототипови е тоа што опфаќа многу краток временски период за првите функционални прототип компоненти. Процедурата се состои од изработка на калапи со материјали кои што се исти или слични на материјалите кои ќе се користат за сериско производство.
Капитална инвестиција при изработката на прототипови се однесува на тоа што доколку одреден прототип не е соодветен со сериското производство се елиминира уште во фазата на изготвување на прототипот, при што им се дава можност на тимот за равој за доработка или изнаоѓање на нови решенија за изработка на успешен прототип, како и на финален калап за сериско производство